ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши и Ковачевски: РЕК Осломеј со најголемо производство на електрична енергија во последните 10 години

November 2, 2022 15:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше во посета на РЕК Осломеј, каде заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ги посетија производните единици на термоелектраната и новото рудно наоѓалиште во рамките на РЕК Осломеј.

„Денеска заедно со директорот Ковачевски сме на терен да видиме како се одвива производството на електрична енергија во термоелектраната Осломеј во Кичево. Како Влада правиме големи напори од почетокот на енергетската криза, посебно со почетокот на грејната сезона да дадеме максимална финансиска поддршка за ЕСМ, да го зголеми домашното производство на електрична енергија за да не бидеме зависни од увоз, како и за субвенционирање на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи , кажа министерот Бектеши.

Министерот додаде дека Владата донесе одлука за фиксна цена на електрична енергија за прехранбената индустрија, уччилиштата и водоснабдителните станици која ќе биде снабдена од ЕСМ.

„Донесовме одлука за дополнителна обврска на ЕСМ каде што основните и средните училишта, преработувачката индустрија, односно производителите на основни прехранбени производи, водоснабдителните станици да бидат снабдени со фиксни цени од 80 до 95 евра по мегават час и директно преку ЕСМ и на тој начин да влијаеме за справување со инфлацијата и намалување на цените на основните прехранбени производи“ кажа министерот

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кажа дека во изминатите години се направени значителни инвестиции во комбинатот со што е зголемен капацитетот на РЕК Осломеј и оваа година е остварено најголемо производство на електрична енергија во комбинатот споредено во последните 10 години.

“За 10 месеци годинава има произведено 227 гигават часови, што во споредба со изминатите 10 години, најголем резултата што е постигнат. За споредба за истиот период во изминатите години производството било многу пониско, па така во 2015 година Осломеј произвел 81 GWh, во 2016 28 GWh, во 2017 30 GWh, во 2018 кога веќе влегуваме во одредени инвестиции и технички работи во термоелктраната, намерно го намаливме производството за да можат да се изведуваат тие работи, па така тогаш имаме 29 GWh, во 2019 -15 GWh, и 2020 -67 GWh“ кажа Ковачевски.

Директорот исто така информираше и за новото наоѓалиште за јаглен во рамки на комбинатот Осломеј каде што е утврдено дека има околу два милиони тони јаглен.

„Со концесијата за истражување од Министерството за економија постигнато е на терен да се ископа значајна количина земја со цел вршење на истражувањата, со тоа отскриени се околу 150 илјади тони јаглен, кој е наш и ни е на дофат и ќе биде искористен оваа грејна сезона“ кажа директорот Ковачевски и додаде дека за РЕК Осломеј е предвидена негова постепена и социјални праведна супституција со обновливи извори, пред се фотонапонски електрани, и тоа и се прави.

Next Post
фото: Интерфакс

Русија извршила 457 злосторства против новинари и медиуми во Украина

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk