ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска Бежоска – Аранитаси: НБ посветена на макроекономската стабилност, продолжува поддршката од ЕБОР

November 3, 2022 10:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на енергетска криза и раст на глобалните цени на енергентите, коишто влијаат и врз девизниот пазар, домашните цени и животниот стандард, Народната банка целосно е посветена на остварувањето на својата основна цел, одржувањето на макроекономската стабилност. Ова, како што соопшти Народна бана, е истакнато на средбата на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Фадил Бајрами со претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Анди Аранитаси.

– Пандемијата, воениот конфликт во Украина и енергетската криза наметнаа нови предизвици што предизвикаа раст на цените на примарните производи, пред сè на цените на енергентите и на храната, кои секојдневно имаат променливи движења на светските берзи и предизвикуваат нагорни ценовни притисоци. Овие движења имаат големо влијание врз домашната економија, која е високо зависна од увоз. Во вакви услови, носителите на политиките имаат задача одговорно и навремено да одговорат преку мерки коишто ќе го ублажат растот на инфлацијата, водејќи сметка истовремено и за економскиот раст. Одговорот на овие случувања од страна на Народната банка, како и на најголемиот дел од централните банки ширум светот, е постепеното монетарно затегнување. Воедно, Народната банка успешно ја одржува стабилноста на девизниот курс, што претставува главното сидро на вкупната стабилност на економијата, се наведува во соопштението.

Аранитаси истакна дека ЕБОР ќе продолжи со поддржувањето на македонската економија преку финансирање проекти од јавниот или приватниот сектор. Тој рече дека покрај проектите за поддршка на конкурентноста на македонската економија, посебно се поддржуваат проектите за преминување на македонската економија кон модел којшто овозможува позитивни ефекти врз животната средина.

 Беа посочени и активностите на централната банка со кои се придонесува за ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата. Покрај низа активности за поддршка на „зелените финансии“, една од најновите мерки на централната банка е промената кај задолжителната резерва заради поттикнување на кредитирањето проекти поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, соопшти НБ.

Next Post

Самит на Берлинскиот процес, се очекува да бидат потпишани три регионални договори за мобилност

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk