Африм Гаши, првиот човек на Алтернатива, пред денешната лидерска средба истакна дека нема да поставува никакви услови, пренесува Слободен Печат.
На средбата ние ќе побараме во Уставот да влезе амадманот за незастарување на корупциските дела на функционерите. Алтернатива не е партија која условува, и се залагаме уцените и условувањата повеќе да не бидат начин на дејствување во политиката, изјави Гаши.
Тој повтори дека Алтернатива 100 отсто ќе даде поддршка на евроинтеграција.