Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска учествуваше на Самитот за Западен Балкан против расна дискриминација, организиран во Приштина под покровителство на премиерот на Република Косово, г. Албин Курти, во присуство на високи претставници од земјите од регионот.
Груби во својот говор пред учесниците ја покажа хронологијата на развојот на анти дискриминациските настани во Северна Македонија, споредувајќи ги состојбите почнувајќи од 2001 година па сé до достигнувањата во последните години.
Тој понатаму нагласи дека Охридскиот договор ги воспостави стандардите за правична и загарантирана институционална застапеност на Албанците во Северна Македонија, додавајќи дека целите на поранешните генерации, кои изгледаа како соништа, сега нивните права и слободи ги уживаат со нивните сонародници и Албанците.
Базирајќи се на конкретни статистички податоци, тој зборуваше за правичната институционална застапеност на Албанците, образованието на мајчин јазик, отворањето на универзитети на албански јазик, како и унапредувањето на социјалниот дијалог, случаи кои ги претстави како успеси кои можат да им послужат и на институциите на Република Косово.
„Денес, во Северна Македонија се трудиме да поставиме стандарди за почитување на сите заедници, со цел истите да имаат можност да го изразат и негуваат својот идентитет, како што се јазикот, образованието, идентитетот и културата, а истовремено имаме механизам кој им овозможува и еднаков пристап до институциите, имено, како што ние го нарекуваме, правична и соодветна застапеност, како и спречување на мајоризација преку двојното мнозинство во Собранието и општинските совети.
Унапредувањето на правата на заедниците во Република Северна Македонија е направено благодарение на Охридскиот рамковен договор од кој потекнуваат принципите и правната основа за загарантираните права.“ истакна во својот говор Груби.
„Морам да нагласам дека принципите на Охридскиот договор имаат универзален карактер, така што, покрај официјализирањето на албанскиот јазик, со овој Договор им е овозможена комуникација на нивниот мајчин јазик и на заедниците, како турската, ромската, босанската и српската во некои општини, и тоа како службен јазик, вклучувајќи ја и употребата на државното знаме на заедниците. Исто така, на сите заедници со устав им е загарантирано правото на образование на мајчин јазик.“ рече Груби.




