Заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ во својата објава на Фејсбук потенцира дека од земја изолирана, раскарана со соседите, со лоши забелешки во Извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата, денес членка на НАТО и земја која преговара со Европската Унија.
Денес сме земја која има европски партнери и пријатели. Земја која за ЕУ е кредибилен партнер и сојузник. Земја која е на маса со најмоќните земји членки на ЕУ.
Успеавме да ги отвориме преговорите, со заштитен идентитет и јазик, засекогаш признаени и потврдени во ЕУ. Ова се одлики на СДСМ. Европски вредности, државнички одлуки и вистински патриотизам.
Со дела се сака државата и народот, а не со сеење страв, ширење лаги, тензии, насилни протести и играње со чувствата на граѓаните за ситни политички поени, лични интереси и желба за власт.
СДСМ останува синоним за стабилност, безбедност, просперитет и економски развој на државата.