ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Со двојно пониска цена на струјата за прехранбената индустрија, за десетина дена очекуваме намалување на цените на храната

November 10, 2022 14:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на брифинг со новинарите информираше дека согласно информациите и очекувањата од компаниите од прехранбената индустрија, во наредниот период се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи.

„Очекуваме намалување на цените на основните прехбранбени производи од 5 до 12 проценти во наредните 10 дена. Солгасно Одлуката на Владата со која компаниите од прехранбената индустрија ќе добијат двојно пониска цена на електрична енергија, согласно нивните проекции очекуваме пониски цени за престојните празници на основните прехранбени производи, односно цените да се намалат пред новогодишните и верските празници„ кажа министерот  економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите.

Министерот исто така информираше дека до крајот на неделата ќе биде донесена Одлука за проширување на списокот на компании од прехранбената индустрија кои ќе имаат субвенционирана цена на електрична енергија.

„Списокот ќе биде проширен. Ќе ги внесеме и компаниите од секторот одгледување на молзни крави, говеда и одгледување на свињи за да се затвори кругот при производство на месото и млекото. Тоа ќе одигра улога во крајната цена за потрошувачите. Од 1. декември очекуваме и поголеми поевтинувања, ако суровините останат со увозните цени кои се во момнетов“ кажа министерот и потенцираше дека листата на сите компании кои ќе добијат субвенционирана струја ќе се достави до Државниот пазарен инспекторат и ќе се направат соодветните контроли.

“Ги повикувам потрошувачите и граѓаните, доколку утврдат дека нема намалување на овие производи согласно процентите, да пријават во Државниот пазарен инспекторат се со цел да намалат и тие цени и залихи кои се направени од одредени компании“, кажа министерот Бектеши.

Во однос на очекувањата за цените на парното и на струјата после Нова година министерот кажа дека не очекува драстичен раст.

„Граѓаните да бидат спокојни. До крајот на грејната сезона нема да имаат никаков проблем во делот на снабдување со топлинска и со електрична енергија. Нема да има ниту драстично зголемување на цените од 1 јануари и за парното и за струјата зашто ги правиме соодветните анализи и проекции. Веќе Регулатрорната комисија за енергетика е подготвена со сите податоци за утврдување на цената за наредните шест месеци од идната година. Значи, до крајот на декември ќе го завршат овој процес и очекуваме да нема драстично зголемување. Поместувања секогаш се очекува да има, но тие се прават и во надолна и во нагорна линија. Треба да ги имате предвид двете опции, а дали ќе биде надолу или нагоре ќе одлучи РКЕ, а поместувањето може да биде и надолу, истакна Бектеши.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Летовите од Германија станаа значително поскапи, вклучувајќи ги и нискобуџетните превозници

July 8, 2025

ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза

July 8, 2025

(ВИДЕО) Сара Мејс со нов летен хит – „Убав е“

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Димитров доминираше над Синер, но поради повреда го предаде мечот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk