ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На „Криволак“ прва средба на министерката Петровска со новата американска амбасадорка Агелер

November 10, 2022 14:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на армискиот полигон „Криволак“ ја оствари својата прва средба со новопоставената амабасадорка на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.

Како што истакна министерката Петровска, оваа прва средба се реализира на „Криволак“ затоа што развојот на полигонот е најдобар пример за интензитетот на заедничката соработка, за посветеноста на развојот на одбранбените односи, заедничкиот развој на вооружените сили на двете држави и развојот на интероперабилноста во НАТО.

Министерката посочи дека Северна Македонија и САД имаат најсеопфатна и најинтензивна одбранбена соработка, што се должи на посветеноста на двете земји и желбата за заеднички развој.

„Соединетите Американски Држави од 1996 година до денеска го поддржаа нашиот развој со 266 милиони долари, факт кој ја покажува посветеноста на нашиот стратешки партнер кон развојот на армиските капацитети и способности. Денеска, како членка на НАТО овие капацитети и способности се и капацитети на НАТО – Алијансата и се во служба на колективната безбедност“, рече министерката на средбата.

Таа дополни дека „Криволак“ е уште еден капацитет кој го развиваме заеднички. Инвестициите на „Криволак“, подвлече Петровска, се инвестиции во посилни сојузнички армии и подобра интероперабилност.

Министерката Петровска додаде дека за земји како Северна Македонија и САД, кои покажуваат силен мотив и посветеност кон стратешкиот дијалог и стратешкото партнерство, амбициите за уште поинтензивна одбранбена соработка се сè поголеми.

Амбасадорката Агелер порача дека е целосно запознаена со интензивната одбранбена соработка помеѓу двете земји и дека оваа соработка ќе продолжи да се реализира и развива и во иднина.

На состанокот стана збор и за моменталната безбедносна состојба на континентот, за потребата од зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, како и за процесот на евроинтеграција.

На „Криволак“, амбасадорката Агелер имаше можност одблиску да се запознае и со карактеристиките на новите оклопни транспортери од американско производство, JLTV Oshkosh, кои се дел од процесот на модернизација и опремување на Армијата.

САД годинава овој процес на модернизација го поддржуваат со вкупно 106 милиони американски долари и тоа преку програмите за одбранбена соработка.

Next Post

Фондацијата Отворено општество преку економски оператор ќе инсталира фотоволтаични соларни системи на пет училишта во Делчево, Валандово, Чучер Сандево и Центар Жупа

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk