ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Заедно со меѓународните партнери ги јакнеме националните системи за управување со границите и миграцијата

November 15, 2022 15:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обрати на дводневната министерската Конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан во соорганизација на МВР со Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

На конференцијата што се одржува во Скопје, присуствуваат министри за внатрешни работи од регионот, Со свои обраќања учествуваат и постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџиак, Генералниот директор на ИОМ, Антонио Виторино, а видео обраќање имале и првиот заменик премиер и министер за внатрешни работи на Чешка Република, Вит Ракушан, како и Европскиот комесар за добрососедство, Оливер Вархеј.

Министерот Спасовски во обраќањето во свое и во име на МВР посака добредојде во Република Северна Македонија на високите гости, колеги министри со кои овие два дена ќе учествуваат на  конференцијата заеднички организирана со Меѓународната мисија за миграции (ИОМ), а во рамки на Чешкото претседавање со Советот на Европската унија.

– Важноста која МВР ја придава на меѓународната соработка и на стратешко и на оперативно ниво во менаџирањето на миграциските текови, е дотолку поголема бидејќи има повеќе проекти кои се реализираат во МВР, токму со поддршка или во соработка со ИОМ, со агенциите на Обединетите нации, и со други партнери кои имаат за цел да придонесат кон подобро владеење со миграцијата, зајакнати национални системи за управување со миграции и реадмисија, ефикасно управување со границите и справување со прекуграничните безбедносни ризици, истакнал министерот Спасовски во поздравното обраќање пред присутните.

Тој посочил дека многу пати досега е истакнато оти менаџирањето на миграцијата е комплексен безбедносен предизвик, со кој се соочуваме и како држава и како регион во целина, бидејќи, подвлекол, Балканскиот полуостров е дел од природниот коридор и крстосница на мигрантските рути и под-рути кои водат од Азија и Африка кон Централна и Западна Европа.

– Верувам ќе се сложите со мене дека нелегалните миграции се секојдневна тема на дискусија и дејствување на полициските служби во нашиот регион и во Европа, каде притисокот и транзитот на нелегалната миграција преку западно – балканската рута и во 2022 година останува висок, а криминалниот пазар со криумчарење мигранти поради побарувачката за криминални услуги и понатаму е привлечен и профитабилен за криминалните групи.  И низ т.н. Балканска рута, регистрираме мрежи на организирани криминални групи кои ги користат сите можности за да се стекнат со големи суми на пари заработени на криминален начин, истакнал Спасовски.

Според него, актуелните воени и политичко безбедносни кризи на Блискиот и Средниот исток, неповолната економска и социјална состојба во матичните земји влијаат за влез и транзит на нелегални мигранти низ нашата земја.

На нашата јужна граница, навел министерот Спасовски, веќе седум години споделуваме искуство на заедничко работење со странски полициски службеници преку континуираното имплементирање на меѓународната заедничка операција со помош на ИОМ во која учествуваат колеги од осум европски земји, од кои седум се членки на Европската Унија со максимален број од 160 распоредени странски полициски службеници.

Потпишувањето на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија што со гордост го промовираме во последниов месец и на меѓународно и на национално ниво, нагласил Спасовски, за нас има повеќе значења.

– Пред се, по ратификација на Договорот, со цел обединување на силите и зајакната координација, се отвора можноста за распоредување на персонал на Фронтекс на наша територија. Со тоа дополнително ќе бидат регулирани и прецизирани политиките и практиките за заштита на границите, што, пак, ќе придонесе за јакнење на капацитетите за контрола на миграциите, особено на нелегалните. Истото несомнено ќе доведе до одржливи и трајни решенија во справувањето со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, посигурни граници и поголема безбедност на нашите граѓани и граѓаните на Унијата, ркеол тој.

Меѓу другото истакнал дека во делот на миграцијата, главен приоритет на МВР е одржување и продлабочување на меѓународната соработка со земјите од регионот, со земјите на транзит и со земјите на потекло, како и со агенциите на ЕУ, ОН и други релевантни меѓународни организации.

– Уште еднаш би сакал да потенцирам дека мораме да продолжиме како одговорни институции да го градиме капацитетот за одржливо управување со миграциите. Мораме да вложуваме во дополнителна обука на органите за спроведување на законот, да продолжиме да инвестираме во материјално-техничките средства, особено во информациските технологии кои може значително да помогнат во одговорот во оваа област, потенцирал Спасовски.

Клучна активност на нашиот пат натаму во одржливото управување со миграциите во Западен Балкан, навел министерот за внатрешни работи, претставува напредокот во реализирање на меѓународната прекугранична соработка, зацврстена меѓународна доверба, зголемена размена на информации, која е најдобар доказ за нашата подготвеност да го направиме безбедносниот амбиент уште поповолен, а со тоа и напредокот во европските интеграции уште побрз.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Костадиновска-Стојчевска и Цветковски: Чинот на реституција на иконите е историски

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk