ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Субвенциониран оброк за студентите по стари критериуми, до март ќе се бара системско решение

November 15, 2022 08:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Студентите ќе продолжат да добиваат субвенциониран оброк по старите критериуми до март, а дотогаш работна група со претставници на студентските сојузи и МОН ќе изнаоѓа системско решение за нов закон за остварување на ова право.

Пред Собранието вчера беше организиран студентски протест поради поднесениот предлог од група пратеници со кој се менуваат условите за добивање субвенција за оброк, кој по реакциите е повлечен од собраниска процедура. Се протестираше и за подобрување на условите во студентските домови и унапредување на студентскиот стандард.

На средбата во Собранието меѓу студенти од универзитетите собранија, пратеници и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на која присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски, беше договорено субвенцијата да биде по старите услови и исплата ретроактивно од септември, по 120 денари дневно, а во меѓувреме да се бара долгорочно, системско решение од март 2023 година.

-Ќе имаме временски рок на усогласување за новото системско решение кое ќе значи дека студентите ќе добиваат здрав студентски оброк и ќе се реализира исплатата на дневна основа. Се договоривме во овој период ретроактивно за вредноста што беше досега, со измените од 2021 година, а во наредниот период со системското решение ќе биде повисока сумата за студентскиот оброк. Значи, од март ќе биде повисока и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до тој период, изјави Шаќири  по тричасовната средба во Собранието.

Во однос на барањето за подобрување на условите во студентските  домови, министерот рече дека ќе разгледаат каде е состојбата најпроблематична за да може најитно да се интервенира.

-Од Германската банка за развојни политики веќе имаме добиени проекти во вредност од  24 милиони денари и одредени студентски домови се во одредени фази. Во периодот на  разговори со студентите ќе видиме што може да се изменаџира со новиот буџет, рече Шаќири.

Премиерот Димитар Ковачевски изрази задоволство од тоа што е најден заеднички јазик за барањата на студентите за студентскиот оброк, но и за други аспекти на студентскиот стандард.

-Пред се, во делот на инфраструктурата во студентските домови, при што веќе се договоривме со министерот за образование дека ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студентски домови каде што не е на најдобро ниво. Исто така, се согласивме дека во одредени студентски домови веќе се направени позначителни инфраструктурни зафати. Студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас, своите ставови. А на нас, коишто сме во Владата и пратениците, е тие ставови да ги сослушаат, да ги разговараат со студентите и да се дојде до решенија кои ќе биде на задоволство на сите, истакна Ковачевски по средбата во Собранието.

Во однос на затоплувањето на студентските домови, премиерот изјави дека доколку има потреба за догревање, Министерството за образование и наука заедно со Министерството за економија ќе постапи онака како што е направено за прехранбената индустрија и за другите витални функции во државата.

Извор: МИА

Next Post

„Секој куршум има мета“ – настан за подигнување на свеста за опасностите од употреба на оружје во Теарце

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Париската полиција го одби барањето за полициска станица во Лувр по кражбата на накит

October 29, 2025
Фото: Скриншот

Подводен робот откри „уредени населби“ на риби под антарктичкиот мраз

October 29, 2025

Забрчанец: Македонија ја изгуби шансата за економски бенефит од „Отворен Балкан“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk