ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски од Охрид: За 10 месеци направивме повеќе за енергетиката од ВМРО-ДПМНЕ за 11 години

November 19, 2022 21:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„За 10 месеци, само во овој краток период од мојот мандат, имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи. Колку за споредба, тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години. За 10 месеци  направивме  повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ. Факт. Мерлив. Споредлив. Чист и јасен“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Охрид.

Тој кажа дека еден од новите енергетски проекти за трансформација е електраната во Осломен, со инвестиција во фотонапонска електрана од 10 мегавати и додаде дека веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со инсталиран капацитет од 100 мегавати на истото место.

Премиерот Ковачевски кажа дека започна со работа и најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 мегавати, изградена од словенска компанија, а се гради и во употреба ќе се стават и најголемите ветерници од 25 мегавати во Свети Николе.

„Ги олеснивме целосно процедурите, завршена е законската постапка и изгласана е во Собранието, граѓаните можат да произведуваат струја на своите покриви, а вишоците да ги продаваат. Денеска во охридско-струшкиот регион посетив две успешни компании како пример за енергетска транзиција и обезбедување струја од македонското сонце“ рече Ковачевски.

Тој истакна дека иднината во производството на електрична енергија ја гледа во обновливите извори на енергија и поради тоа владата и тој интензивно работат токму на тоа, а резултатите се веќе видливи.

„Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани. Лидери сме во регионот во енергетска трансформација.  Можеме да станеме енергетски зелен центар на Европа. Тоа е мојата енергетска визија, да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце“ потенцираше Ковачевски.

 

 

 

Next Post

Ковачевски од Охрид: Ги одглавуваме заглавените проекти – автопатот Кичево-Охрид ќе се отвори во јануари 2024 година

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk