ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сè уште нема договор на климатска конференција КОП27

November 19, 2022 14:08
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Преговорите на климатската конференција на ОН – КОП27 во Египет не ветуваат дека ќе бидат успешно завршени, иако траеја цела ноќ.

Оваа, 27. меѓународна конференција за климата, вчера беше продолжена за најмалку еден ден поради немање договор за неколку спорни прашања.

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс јасно стави до знаење на Конференцијата на ОН за климата во Египет дека ЕУ нема да премине одредени црвени линии во напорите за напредок во преговорите за конечна декларација од самитот.

– Подобро да немаме одлука отколку лоша одлука, им рече Тимерманс утрово на новинарите на состанокот во Шарм ел Шеик, јави ДПА.

Тој рече дека ЕУ е многу загрижена за некои позиции во преговорите, кои траеја и во текот на ноќта. Унијата ќе продолжи да се залага за договор, но исто така е подготвена да ја напушти конференцијата без декларација доколку е потребно.

Преговарачите од речиси 200 земји собрани во египетското летувалиште Шарм ел Шеик цела ноќ се обидуваа да постигнат напредок во договарањето на најтешките прашања, вклучително и што ќе се случи со фосилните горива или создавањето фонд за сиромашните земји кои се најтешко погодени од климатските промени.

Има „еднакво незадоволство“ на сите страни на климатската конференција КОП27 во услови на несогласувања за главните прашања, соопшти домаќинот Египет.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, кој претседава со конференцијата, рече дека на преговарачките групи им презентирал нацрт-текст за клучните прашања.

– Како што може да претпоставите, ниту една од групите не можеше да каже дека сите нивни интереси се одразени, рече тој на брифинг со новинарите, јави ДПА.

Од делегацијата на француската министерка за енергетска транзиција, Агнес Паниер-Ринашер, беше кажано дека во оваа фаза египетското претседателство го доведува во прашање она што е постигнато во Париз и Глазгов за намалување на емисиите, што е неприфатливо за Франција и за земјите од ЕУ.

Шукри, пак, рече дека „огромно мнозинство од страните му посочиле дека го сметаат текстот како избалансиран и оти претставува потенцијален пробив што може да доведе до консензус“.

Камен-темелник на борбата против климатските промени, Парискиот договор од 2015 година повикува на ограничување на глобалното затоплување на „јасно под два Целзиусови степени“ во споредба со прединдустриската ера, и ако е можно на 1,5 степени Целзиусови. Таа цел беше потврдена на климатскиот состанок на ОН КОП26 минатата година во Глазгов.

Египетското претседателство е цел на критики поради доцнење на сложените разговори за климата под покровителство на ОН, и вчера, кога требаше да завршат разговорите, вети дека ќе ги преземе работите во свои раце.

Покрај несогласувањата околу границата за зголемување на просечната температура на планетата во однос на прединдустриската ера, еден од најкомплексните проблеми стана и прашањето за загубите и штетите.

Земјите во развој бараат посебен фонд за компензација на штетите. Сепак, по ова прашање постигнат е многу мал напредок.

Извор: МИА

Next Post

Што освен конфликт е контра понудата на Апасиев, Мицкоски и Русија за сигурноста и реформите што ни ги носат ЕУ и НАТО?

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk