ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Приватните превозници на протест пред ЈСП и на средба со Советот на Град Скопје

November 25, 2022 09:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе петти ден приватните превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг на Јавното сообраќајно претпријатие кон нив, а денеска ќе одржат и мирен протест пред централата на ЈСП, а потоа ќе остварат средба со сите советнички групи на Советот на Град Скопје за изнаоѓање решение на проблемите со кои се соочуваат,пренесува МИА.Тие вчера беа обвинети од  градоначалничката на Скопје Данела Арсовска дека од 2017 година наплаќале билети и парите не ги пријавувале, а фактурирале по 400 илјади евра од ЈСП секој месец. Во демант на таквите обвинувања превозниците порачаа дека воопшто не се вклучени во наплатата на билети.

Имено, пред пет дена беше соопштено дека автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, нема да сообраќаат поради немање средства за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата, а потоа беа исклучени и приградските линии 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73.

Откако приватните превозници соопштија дека нема да сообраќаат, одржаа и средба со претставници на Град Скопје, но немаше позитиве исход.

– Иако состанокот беше напорен и траеше толку долго за жал не можам да кажам дека се договоривме за нешто конкретно. Заклучокот беше дека Градот Скопје во моментов не може финансиски да помогне и да гарантира со одредена сума заради тоа што ребалансот на буџетот се уште не е поминат и дека единствено што може да се зборува за решавање на состојбата е дури после 40 дена со новиот буџет, изјави директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.

Тој информираше дека се во ситуација каде што приватните превозници не можат да обезбедат средства за да ги покренат автобусите и дека со тој проблем се опфатени сите линии.

Јовановски додаде дека не добиле одговор на прашањето зошто е прекината исплатата на средствата што се слеваат во ЈСП по основ на извршен превоз, редовен превоз на патници и превозот од учениците, и зошто тие средства што се уплаќаат во ЈСП веројатно се користат исклучиво за потребите на самото претпријатие и зошто не се прават напори за дел од тие средства завршат кај нив.

– Одговорите се криза, немаме доволно средства, не можеме да гарантираме редовни исплати и цело време се насочуваше на состојбата да се пролонгира целото ова решавање за четириесетина дена, рече Јовановски и даде дека не го разбрале моментот дека навистина долгот е огромен и дека приватните превозници не се во состојба да ги покренат автобусите и дека немаат дури ни за нафта и дека повеќе од три месеци немаат исплатено ниту плати на возачите.

Тој потенцираше дека од Град Скопје се повикаат на договорот којшто го имаат склучено, дека имаат обврска да го извршувааат превозот и доколку имаат некои побарувања тоа да го направат во правна процедура и со евентуални тужби.

Само по еден ден откако престанаа да сообраќаат приватните превозници, Јовановски информираше дека Град Скопје извршил инспекциски надзор во „Собода превоз“, нешто што, според него, никогаш не се случило досега и што го чувствуваат како притисок.

– Ако мислат дека со тоа ќе извршат притисоци да се откажеме за да нема некакви казни, нема да го направиме тоа, рече во вторникот Јовановски.

Од компанијата алармираа дека тоа се погрешни методи и воопшто не се во интерес на јавноста, како и дека штрајкот продолжува оти се уште не добиле финансиски средства.

Јовановски порача дека доколку им се дадат финансиски средства за гориво, јавниот превоз би бил пуштен во функција веднаш, додавајќи дека се свесни за кризната состојба и затоа не бараат целосна исплата, туку тековни средства за да можат да можат превозниците да возат.

 

Next Post

Агресијата на Русија се коси со сите три принципи на меѓународната политика

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk