ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

ДФРМ: Повик за прием на нови членови во различни секции

Прв пат се отвора повик за прием во секцијата сценаристи.

December 13, 2022 14:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Друштвото на филмски работници на Македонија објави повик за прием на нови членови во секциите: режија, продукција, камера, сценографија, костимографија и шминка, тон и монтажа, анимиран филм, а годинава прв пат ќе биде отворена и секција за сценаристи. Кандидати за членови на ДФРМ можат да бидат младите, идни филмски работници по завршувањето на школувањето во соодветните училишта и факултети, како и лицата кои ќе се докажат преку своите филмски дела.

Сите заинтересирани кандидати можат до крајот на годината да испратат своја кратка биографија на [email protected], а сите информации и критериумите за прием на нови членови се наоаѓаат на веб-страницата на Друштвото на филмски работници на Македонија.

ДФРМ е основано на 21 мај 1950 година и е формирано со слободно здружување на филмските работници од Македонија. Друштвото има својство на правно лице и претставува независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници. ДФРМ членува во Светската асоцијација на кинематографери IMAGO, Европската асоцијација на режисери FERA и Европската асоцијација на филмски продуценти и ја поседува лиценцата за Оскар за Македонија, односно е задолжено и делегирано од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука да го избира националниот кандидат за наградата „Оскар“.

Друштвото активно учествува и во креирање на легислативата која се однесува на филм и аудио-визуелна дејност, се залага за решавање на авторските права и статусот на филмските работници и конечно решавање на пензиско-инвалидското осигурување на сите неавторски позиции во филмот. Една од суштинските функции во постоењето на ДФРМ во континуитет е грижата за своите кадри, преку обука и нивно стручно усовршување, како и заштита на професионалните права и интереси на сите членови, кои својата припадност кон Друштвото ја верификуваат преку редовно платената членарина, со што им е загарантирано учеството и гласањето со потребниот кворум на редовните годишни собранија.

ДФРМ е иницијатор, основач и организатор и на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на државата. Во рамките на четвртото издание на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, оваа година биде одржан и првиот Интернационален филмски форум на кој присуствуваа девет директори од најрелевантните филмски национални институции во регионот. Исто така, ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Фестивалот започнат 1979 година, е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДФРММакедонски филмНови членови

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Сабота ден за женско финале на Вимблдон: Анисимова против Швјонтек

July 12, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

July 12, 2025
Фото: ВИ

Трамп воведе царини за ЕУ од 30 проценти

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk