ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕСМ Снабдување со топлина: Добивање фактура на меjл е најсигурен и најеколошки начин на достава на сметките

December 14, 2022 13:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕСМ Снабдување со топлина апелира сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура затоа што, како што велат, тоа е најсигурен, најбрз, најекономичен и најеколошки начин на достава.

-Потрошувачите треба да пополнат формулар кој може да го побараат од нашиот Центар за грижа на корисници да им се достави на меил, да го испечатат и пополнат. Пополнетиот формулар можат да го остават во некој од нашите три пунктови или скениран да го достават до Центарот за грижа на корисници. Формуларот можат да го преземат и во хартиена форма на нашите пунктови, да го пополнат и да го остават во пунктот, велат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина располага се наоѓаат на ул. „11 Октомври“ 9, во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ,на ул. „Лондонска“ бр. 8, кај Топланата Запад во населба Тафталиџе и на бул. „Јане Сандански“ бр. 49, кај Капитол мол во населба Аеродром.

На пунктовите потрошувачи можат да склучат договори и да добијат информации во врска со фактурите, начините на плаќање, да поднесат формулар за добивање на е-фактура, и сл. Работното време на сите три пункта од понеделник до петок е од 07:30 до 19:00, сабота од 08:00 до 13:00 часот.

-Покрај плаќањето со траен налог отворен кај банките, потрошувачите ги имаат на располагање следните можности и тоа без провизија да ги плаќаат фактурите на пунктовите на ЕСМ Снабдување, на шалтерите во банките и во Македонска пошта, како и со електронско банкарство, и тоа со ПП30 налог или со користење на побрзиот начин со електронското банкарство на самата банка во делот на топлинска енергија, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Оттаму апелираат до потрошувачите да се обраќаат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100 и на меил адресата contact@esm-snabduvanje.mk за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, или пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, како и за достава на формуларот за е-фактура.

Од ЕСМ Снабдување со топлина информираат дека се изработени фактурите за топлинска енергија за месец ноември и нивната достава е започната. Рокот на плаќање на фактурата за ноември е 30.12.2022. Рокот на плаќање на фактурата за октомври е 15.12.2022.

-Износот на фактурите за топлинска енергија за месец ноември на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати е ист со оние за август, септември и октомври. Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач од категоријата домаќинства одделно е прикажан во фактурата како поединечна финансиска поддршка од Буџетот на Република Северна Македонија преку АД ЕСМ, за фиксните и варијабилните трошоци, велат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Потрошувачите, како што додаваат од ЕСМ Снабдување со топлина, ги добиваат фактурите на ист начин како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма на нивната меил адреса, додека останатите потрошувачи фактурaта ќе ја добијат во хартиена форма на својата адеса на живеење. 

Next Post

МВР: Заканите за бомби во училиштата во Скопје се лажни, завршија сите потребни проверки

НАЈНОВО

Фото: МИА

(ВИДЕО) Мицкоски: 23 Октомври не е само датум – тоа е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода, правда и иднина

October 23, 2025
Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk