ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Фокусирани сме на унапредувањето на транспарентноста, како сериозна алатка за борба против корупцијата

December 14, 2022 11:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Транспарентноста на институциите мора да биде приоритет за сите нас. Само преку унапредување на транспарентноста, ќе ја зајакнеме отчетноста и контролата. Јас немам илузии дека корупцијата целосно ќе ја победиме, но мора да покажеме видливи и конкретни резултати, да создадеме услови за владеење на правото и еднаквост на институциите, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Таа на денешната регионална конференција за борба против корупцијата во Скопје, рече дека корупцијата не познава граници, ниту пак може или смее да се третира изолирано.

-Нема општество, нема институција, потполно имуна на корупција. Случајот со потпретседателката на Европскиот Парламент покажува дека тоа не е предизвик со кој се соочува една институција од една земја, не е предизвик само на еден регион, туку интернационален проблем кој никогаш нема да биде сосема искоренет. Факт е дека има многу примери за корупција насекаде, но исто така е факт дека секоја држава е различно подготвена и различно реагира на ваквите појави, рече Грковска во своето обраќање.

Таа посочи дека со нејзиниот кабинет фокусирани се на унапредување на транспарентноста, бидејќи тоа е сериозна алатка за борбата против корупцијата и организираниот криминал. Целта е, како што рече, обезбедување целосна транспарентност, особено за начинот на кој што се трошат јавните пари.

Грковска потенцираше дека треба да ја зајакнат довербата на граѓаните во институциите, а тоа ќе го постигнат само ако докажат дека со професионална, ефикасна и одговорна работа застануваат на патот на криминалот и корупцијата.

-Мислам дека сега секој ќе полага испит за политичка зрелост. Оние кои ќе го положат ќе опстојат, останатите кои ќе се борат да остане статус кво состојба, ќе бидат избришани од граѓаните. Иднината на нашите општества е во прашање. Вака, како до сега, едноставно веќе нема да може, додаде Грковска.

Таа додаде дека изминатиот период, од крајот на јуни минатата година кога владини претставници од земјите од Западен Балкан во Охрид го усвоија регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови за брзо следење на спроведувањето на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата, нивната меѓусебна соработка е интензивирана и значајно попродуктивна.

Како што рече, се почесто се нотира потребата и значењето на ефикасното искористување на меѓународните и регионалните мрежи за спроведување на законот и судска соработка како значајна алатка за борба против корупцијата и организираниот криминал.

-Особено сум задоволна што во целиот овој процес имаме тесна соработка со граѓанскиот сектор. Од една страна е коректив на власта, но од друга страна со својата експертиза и значење може да даде значаен придонес во оваа наша заедничка битка. Пред нас има уште многу работа, додаде Грковска.

Според вицепремиерката, мора да работиме на зајакнување на сите можни капацитети, на зајакнување на сите институции надлежни за справување со корупцијата и организираниот криминал, на создавање на професионални, одговорни и отчетни институции.

Целта на денешната конференцијата е да се унапреди регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и незаконските финансии во регионот, во контекст на Берлинскиот процес.

На конференцијата, покрај високи претставници од земјите од Западен Балкан, присуствуваат и претставници од клучните институции надлежни за борба против корупцијата во регионот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американскиот пливачки тим има епидемија на акутен гастроентеритис

July 27, 2025

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“

July 27, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген, шестмина се во критична состојба

July 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

    Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американскиот пливачки тим има епидемија на акутен гастроентеритис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТРУШКИ ПРЕДИЗБОРНИ ОДГЛАСИ: Ќе има ли градот само еден кандидат за градоначалник?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „Маршот на ангелите“, родителите запрашаа: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk