ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Талибанците им забранија на жените пристап до универзитетите

December 21, 2022 09:22
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Соединетите Американски Држави го осудија потегот на Министерството за образование на талибанските власти на Авганистан, кое вчера им забрани пристап на жените до универзитетите на неодреден период.

– САД се во контакт со сојузниците во врска со одлуката од вторникот на талибанското Министерство за образование да го забрани пристапот на студентките до понатамошно известување. САД ја осудуваат необјаснивата одлука на талибанците да ги спречат авганистанските жени да добијат универзитетско образование, соопшти портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон.

Талибанските власти вчера им забранија на неодредено време на жените да студираат на универзитетите во Авганистан, соопшти Министерството за високо образование во писмо упатено до сите јавни и приватни високообразовни установи во земјата.

– Со ова сите сте информирани да ја спроведете спомнатата наредба за прекин на образованието за жените до нова одредба, се вели во писмото што го објави министерот за високо образование Неда Мохамад Надеем.

Портпаролот на Министерството, Зиаулах Хашими исто така ја потврди таа вест.

До забраната за високо образование дојде по помалку од три месеци откако илјадници девојки и жени полагаа приемни испити на универзитетите низ целата земја.

Оваа рестриктивна мерка на талибанците во областа на образованието на жените е најнова во серијата ограничувања воспоставени против жените и најверојатно ќе предизвика загриженост кај меѓународната заедница, јавија западни медиуми.

Девојките веќе биле лишени од пристап во средните училишта.

Кога се вратија на власт во август 2021 година, Талибанците ветија дека ќе бидат пофлексибилни, но во голема мера се вратија на ултраригорозната интерпретација на исламот што го одбележа нивниот прв период на власт (1996-2001).

Tags: Соединетите Американски ДржавиТалибанциртталибанците
Next Post

Илон Маск најави оставка од функцијата извршен директор на „Твитер“

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk