Меѓународниот олимписки комитет (МОК) најави можност боксот да биде исклучен од Олимписките игри 2024 во Париз, порачувајќи оти раководството на светското боксерско тело, предводено од Русија, покажало дека „нема вистински интересот за спортот или спортистите“.
На Меѓународната боксерска асоцијација (IBA) и беше одземено учество во организација на боксерскиот турнир на Олимписките игри во Токио 2020, а боксот не беше ниту во почетната програма за Игрите во Лос Анџелес 2028, во исчекување на реформите кои ги бара МОК.
Квалификациите за боксерскиот турнир во Париз 2024 се во организација на МОК, но организацијата истакна дека загриженоста во врска со реформите на IBA значи дека ќе донесе натамошни одлуки кои „можеби ќе мораат да вклучат бришење на боксот од програмата за Олимписките игри во Париз 2024′.
„Неодамнешниот конгрес на IBA уше еднаш покажа дека IBA нема вистински интерес за боксерскиот спорт и боксерите, туку ја интересира само сопствената моќ“, порача МОК.
На чело на IBA е Русинот Умар Кремљев со поддршка на руската енергетска компанија Газпром.