ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Ги јакнеме капацитетите на институциите надлежни за финансиски истраги и конфискација на имот

December 26, 2022 17:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката задолжена за политика за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со работната група на Националната комисија за следење на Стратегијата за водење финансиска истрага и конфискација на имотот за период од 2021-2023 година со акциски план.

Како што истакнуваат во соопштението, на иницијатива на вицепремиерката Грковска, а во соработка со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски на институциите кои се дел од работната група на Националната комисија за следење на Стратегијата за конфискација на имот им беа доделени вкупно 90 преносни компјутери.

„На овој начин се зајакнуваат капацитетите на Основното јавно обвинителство Скопје, Канцеларијата за поврат на имот, Министерството за внатрешни работи – Единица за финансиски истраги и полициски службеници од СВР кои работат на финансиски истраги, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа и Агенцијата за управување со одземен имот, особено во делот на финансиските истраги и конфискацијата на имот“, се наведува во соопштението.

На состанокот се разговарало и за системското следењето на предмети поврзани со организиран криминал „track record”. Единствено преку конкретни бројки, визуелизација на предметите, можеме како држава да го покажеме степенот на успешност во сузбивањето на организираниот криминал.

Вицепремиерката Грковска истакна дека од клучно значење е оваа соработка и донација во процесот на реализација на Стратегијата и акцискиот план за конфискација на имотот и дека со овој чин ќе се олесни и зајакне нејзината имплементација.

„Воедно, од клучно значење е создавањето на системско софтверско решение преку кое ќе се евидентираат предметите поврзани со организиран криминал и воедно ќе се утврдуваат и следат состојбите во институциите и нивното работење на предметите, како и имплементацијата на законските решенија со кои се регулира оваа материја”, посочи вицепремиерката Грковска и додаде дека тоа првенствено ни е потребно нам, за да ја знаеме фактичката состојба и соодветно да реагираме, меѓутоа тоа е барање и на Европската Унија.

На овој состанок беа прецизирани конкретни рокови за реализација на следните чекори на институциите кои се дел од работната група на Националната комисија, особено во однос на софтверското решение за следење на предметите.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: track recordконфискација на имотСлавица Грковскафинансиска истрага

НАЈНОВО

Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

July 5, 2025

Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“

July 5, 2025

Шест патници повредени по пожар во авион на „Рајанер“ во Палма де Мајорка

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk