ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Поддршка за граѓаните, енергетска транзиција и конкурентност на компаниите со новиот Буџет на Министерството за економија

December 26, 2022 13:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши го презентираа новиот Буџет на Министерството за економија за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека новиот Буџет на Министерството за економија се темели на развојни програми со развојни мерки, чија што цел е во оваа тешка економско–енергетска криза да овозможат поддршка за граѓаните, како и одржливост и конкурентност на компаниите.

-Во оваа тешка криза со која се соочува целиот свет, најважно за нас како Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите, бидејќи како што повеќе пати имам кажано, никој нема да биде оставен сам да се справува со кризата, кажа премиерот на денешната прес конференција.

„За наредната година сумата за поддршка на граѓаните и компаниите, за  енергетска ефикасност и обновливи извори е зголемена за три пати. Односно за оваа намена за 2023 година се обезбедени 3,2 милиони евра.

Тоа се пари наменети за програми за справување со енергетската криза, за кои подетално ќе објасни министерот. Јас ќе посочам, дека и наредната година ќе ги субвенционираме сметките за струја за најранливите категории граѓани, оние со најниски примања и оваа програма ќе биде проширена со нови категории социјално ранливи граѓани.

Во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци. Со ваквите инвестиции во обновливи извори,  се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја, но и да имаат заштеда во време на криза.

Како нова мерка во овој дел, е поддршката на дел од трошоците за изведба на приклучок на дистрибутивната гасоводна мрежа кај домаќинствата, онаму каде што има развиена дистрибутивна мрежа на природен гас. Оваа програма ќе помогне и за задржување на ликвидноста на јавните претпријатија кои се најмногу погодени од светска енергетската криза.

Енергетската криза исто така покажа колку се важни инвестициите во обновливи извори на енергија. Обезбедени се финансиски средства за изградба на фотонапонски централи и како резултат на забрзаната изградба на фотоволтаици од јавните огласи кои во изминатите две години ги објави Министерството за економија, а дел од нив се веќе и пуштени во употреба.

Еден податок дека од почеток на годината до сега се пуштени 141 мегават обновливи извори на енергија во државата.

Ставаме силен фокус на гасификацијата на државата, бидејќи тоа е придобивка и за граѓаните, и за компаниите, но и за заштита на животната средина. За наредната година преку новиот Буџет на Министерството за економија, се обезбедени 3,3 милиони евра  за реализација на Интерконекторот Северна Македонија – Грција, Северна Македонија – Косово, Северна Македонија – Србија како и ЛНГ Терминалот Александрополис, Грција.

Овие проекти овозможуваат стабилно снабдување со природен гас како извор на енергија по поволни цени, што е важно за граѓаните, за индустријата и за одржување на развојот на економијата.

Со над 1 милион евра го поттикнуваме развојот на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија, тие се моторот на нашата економија.

Преку кофинансирање на трошоците за набавка на машини и алати, за женско претприемништво, овозможуваме во оваа криза да имаат одржливо производство, да инвестираат и да можат да прераснат во големи претпријатија.

Околу 530 илјади евра се наменети за Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност, која што опфаќа субвенции за претпријатијата , поддршка на лаборатории, зајакнување на организациите за поддршка на бизнисот.

Нашата држава изобилува со региони кои се  вистинска туристичка атракција. Преку развојот на туризмот ја промовираме нашата земја. Со новиот Буџет на Министерството за економија за наредната година обезбедени се 385 илјади евра за мерки за поддршка на туризмот“ соопшти Ковачевски.

Next Post

Приведени командир, заменик-командир и неколку полициски службеници во вчерашната акција на „Табановце“

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk