Австралискиот музичар Ник Кејв од неговите обожаватели доби стихови создадени „во стилот на Ник Кејв“ со помош на програмата за вештачка интелигенција Chat GPT, и рече дека „смрдат“.
„Сфаќам дека Chat GPT е сè уште во развој , но можеби тоа е ужасот на вештачката интелигенција што се појавува – таа секогаш ќе биде во создавање и управувана напред, секогаш брзо, и никогаш нема да се врти назад и никогаш нема да се забавува, водејќи нè кон утописка иднина, а можеби и наше целосно уништување“, напиша Кејв.
Судејќи според добиената песна „Nick Cave-esque“, нештата не изгледаат добро и „апокалипсата е на добар пат“, рече музичарот на својата веб-страница The Red Hand Files.