Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра уште еден брилијантен меч на „Род Лејвер Арена“ и се пласираше во десеттото финале на Австралија Опен. Тој со 3-0 беше подобар од Американецот Томи Пол, 35. играч во светот, па во Мелбурн ќе се бори со Стефанос Циципас за рекордна десетта титула.
Србинот по два часа и 20 минути тенис во Мелбурн го совјада Пол со 7:5, 6:1, 6:2 во сетови. Претходно во текот на денот, следниот ривал на Ѓоковиќ, Циципас, го совлада Карен Хачанов со 3-1. Досега Ѓоковиќ има скор од 10-2 во дуелите со 24-годишниот Атињанец, а одиграа и едно Грен слем финале, кога Ѓоковиќ победи со 3-2 на Ролан Гарос во 2021 година по пресврт.
Победата над Пол беше десетта за Ѓоковиќ во исто толку настапи во полуфиналето на Австралија опен. Тоа беше и прва средба меѓу Пол и Ѓоковиќ.