ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска на Зимска школа за македонски јазик: Создаваме трајни врски на македонистиката низ светот

January 28, 2023 19:15
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Да се има 40 нови пријатели од 17 земји, од четири континенти, кои го сакаат вашиот јазик, кои избрале од повеќе од 7000 јазици на светот да го научат токму вашиот мајчин јазик, е чест.

Трајни врски создаваме со реномирирани професори, истражувачи, преведувачи,  посветеници на македонистиката, но и студенти, ентузијасти кои се навистина големи амбасадори и промотори на македонската култура во светот“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска денеска на свеченото затворање на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од 23 јануари се одржуваше виртуелно.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека огромна заслуга со создавањето на македонските пријателства во светот има Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој е една од нашите најважни врски со широката меѓународна јавност, се вели во владиното соопштение.

„Токму на првото издание на Зимската школа за македонски јазик, минатата година, беа вистински партнери во одбележувањето на големиот јубилеј за македонската култура – 100 години од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески. Минатата година, Зимската школа беше посветена на 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски“, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека одлуката годинешното издание на Зимската школа да биде посветено на 100 години од раѓањето на еден од основоположниците на современата македонска поезија Ацо Шопов, повторно ја потврдува високата свест и љубов кон јазикот и културата.

„Успешното издание на оваа Зимска школа е одличен предвесник дека ќе имаме прекрасно чествување на јубилејот, за што, под покровителство на претседателот на државата, е изработена комплексна и обемна национална програма 2023, Година во чест на Ацо Шопов. Предвидени се мноштво настани и активности, дома и во светот, а се надевам дека во текот на годината ќе имате можност да присуствувате на некој настан и дополнително да имате можност за проучување на поезијата и творештвото на Шопов“, нагласи министерката за култура.

Зимската школа веќе е традиционална програмска активност на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и се одржува виртуелно, а годинашното нејзино издание беше во чест на великанот на современата македонска литература и култура Ацо Шопов, по повод 100 години од неговото раѓање. На Школата за македонски јазик имаше учесници од 17 земји од светот.

 

Tags: Зимска школа за македонски јазикКостадиновска Стојчевскатрајни вредности
Next Post

(ВИДЕО) Украинскиот армиски хор ја пееше хебрејската песна „Ели Ели“ во Бабин Јар на Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk