Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен“ и „цврст“ одговор на „тероризмот“ по двата палестински напади во Источен Ерусалим.
„Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен“, рече Нетанјаху на вонредниот состанок на кабинетот за безбедност.
„Не сакаме ескалација, но подготвени сме на секое сценарио“, додаде Нетанјаху.
Во петокот вечерта, 21-годишен Палестинец пукал во случајни минувачи во близина на синагога во населбата Неве Јацов, убивајќи седум лица. Во саботата наутро, 13-годишен Палестинец застрела и рани двајца Израелци во Силван, во близина на ѕидините на Стариот град.
Извор: МИА