Заменик-министерот за култура, Диам Лучи одлучи да ја напушти Алтернатива и да остане на својата функција.
Според Лучи, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши самиот одлучил да излезе од владината коалиција и тоа затоа што бил разрешен „неговиот пријател Беким Сали“ од позицијата Министер за здравство.
Ги обвини Гаши и Сали дека правеле сè за да изгледа дека тој е „пропаднат кадар“, но тој вели дека имал успешен мандат.