„Министерот за правда, Никола Тупанчески до Владата поднесе оставка од функцијата на 10.02.2023 година. Собранието ја констатираше оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.02.2023 година“, се вели во реакцијата на Министерството за правда во однос на неиздавањето на еврообврзницата.
„Од 14.02.2023 година, Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет „Јустинијан Први”. Барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата е примено во Министерството за правда на 15.02.2023 година. Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер“, се додава во реакцијата.