Владејачката партија СДСМ во денешното соопштение наведува дека „целосното заложништво на Мицкоски кон Апасиев создава феномен на политичката сцена“.
Тие велат дека „секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави се случува сосема спротивното“.
На Божиќ оваа година Мицкоски рече дека на крајот на февруари ќе обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието. Се случи спротивното. Нема 61 пратаник Мицкоски, туку има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство, соопшти СДСМ.
Партијата потсетува и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најавил дека во мај ќе се случеле предвремени избори, но се случило спротивното.
Нема предвремени избори, Мицкоски капитулираше уште еднаш и оваа тема е веќе затворена. По капитулацијата со предвремните избори, Мицкоски го чека пораз и на изборите во 2024 година, се додава во соопштението.