Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, нема да може да настапи на претстојните турнири во Индијан Велс и Мајами, откако неговото барање за влез во САД е одбиено, јавија денеска американските медиуми.
Ѓоковиќ мораше да достави соодветна документација и да поднесе барање за посебна дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.
Американските медиуми јавија дека на Ѓоковиќ не му е одобрена американска виза, а тоа го потврди и сенаторот од Флорида, Рик Скот.
Добивме информација дека е одбиено барањето на Ѓоковиќ за влез во нашата држава. Меѓутоа, веруваме дека оваа одлука сè уште може да се промени, изјави сенаторот Скот.