ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Транспорт и врски: Некој свесно се обидува да шпекулира со информации, Општина Охрид да постапи по насоките на Управен Суд

March 7, 2023 08:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во однос на информациите објавени во одредени медиуми за мериторно решавање предмет за огласување на ништовно на Одобрение за градење на инвеститор во општина Охрид, Министерството за транспорт и врски информира дека Секторот за управно надзрорни работи во Министерството постапил согласно пресудата на Управниот суд број У-3.бр.341/2020 од 08.03.2022 година, со кое Управниот суд го поништи решението на Министерство за транспорт и врски и на општина Охрид за огласување за ништовно на одобрението за градење.

Бидејќи е очигледна интенцијата со која некој свесно се обидува да шпекулира со информации без конкретно да се објасни зошто општина Охрид прво донела одобрение за градење, а потоа носи решенија за огласување на истото одобрение кое сама го донела за ништовно, со што во неколку наврати по добиени насоки од второстепениот орган не постапува по забелешките на Министерството за транспорт и носи идентични решенија, би сакале да потенцираме за следново:

Постапувајќи по пресудата на Управниот суд, а имајќи го во предвид член 60 став 5 од Законот за управни спорови, Министерство го врати предметот на пред општината со цел да постапи по напатствијата на Судот, при што Градоначалникот во повеќе наврати истото го огласил за ништовно но решенијата наместо да ги темели на напатствијата од повисокиот орган, постојано ги носи со идентична содржина што ги прави истите неправилни и незаконити.

Од страна на инвеститорот, до Државниот управен инспекторат е доставена пријава против Министерството за транспорт и врски со кое решение го задолжи Министерството да одлучи мериторно во управната постапка имајќи во предвид дека во повеќе наврати го враќал предметот на повторна постапка пред првостепениот орган, во овој случај општина Охрид, а истата не постапувала по забелешките.

Оттука ги отфрламе сите обиди на одредени медиуми да шпекулираат со непроверени информации и сите прашања за споментите решенија за непостапување да ги упатат во општина Охрид.

Ја повикуваме Општина Охрид доколку стои на ставот за огласување на ништовно на одобрението за градење да постапи по насоките на Управен Суд каде е директно повикана како институција да го поткрепи решението со конкретни и цврсти аргументи и докази согласно законските одредби со што ваквото решение за огласување на ништовно на одобрението за градење ќе биде потврдено од повисоките инстанци, се вели во реакцијата на Министерството.

Tags: ОхридТранспорт и врски
Next Post

Грковска во работна посета на Австрија во промоција на родовата еднаквост, женските права и мирот и безбедноста

НАЈНОВО

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Скриншот

Голем пожар го зафати небодерот на „Вјесник“ во Загреб

November 18, 2025

Претставата „Ехо на заборавот” на театарот „Чекори“, в сабота во Мака бар

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk