Кристијано Роналдо стана играч со најмногу репрезентативни настапи во историјата на фудбалот, откако синоќа го облече дресот на Португалија по 197 пат.
Роналдо се најде во почетниот состав на дуелот против Лихтенштајн на отворањето на квалификациите за ЕУРО2024.
До овој натпревар Роналдо беше на делба на првото место на вечната листа со Бадер Ач – Мутава, кој има 196 настапи за Кувајт.
Роналдо дебитираше за Португалија во април 2003 година во пријателски натпревар против Казахстан.
Топ 5 играчи со најмногу настапи за репрезентација
197 – Кристијано Роналдо (Португалија)
196 – Бадер Ал – Мутава (Кувајт)
195 – Со Чин Ан (Малезија)
184 – Ахмед Хасан (Египет)
183 – Ахмед Кано Мубарак (Оман).