Четворица индиски војници загинаа денеска во касарна за време на вооружен инцидент, соопштија официјални лица, истакнувајќи дека потрагата по напаѓачите е во тек.
– Непознат број луѓе, кои пукаа во војници во касарната Батида во пограничната држава Пенџаб, се уште се на слобода и поседуваат оружје, изјави претставник од Министерството за одбрана.
Инцидентот „не е терористички напад“ и се случил во менза, изјавил за британски медиум висок полициски функционер во Пенџаб.
„Инцидентот се случи во 4 часот и 35 минути наутро. Активирани се тимови за одговор при итни случаи. Просторот е ограден и блокиран. Потрагата е во тек, а се утврдуваат сите детали“, се вели во соопштението на армијата.
Во овој објект, на околу 280 километри северозападно од Њу Делхи, се сместени претежно семејства на војници и станува збор за станбена воена база