ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иванова: Го поздравуваме формирањето на „Оркестарот за џез музика“, но не и нивно сместување во Филхармонија

April 12, 2023 14:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија не го поддржуваме, бидејќи се создаваат услови за едни на сметка на нарушени услови на други, истакна директорката на Филхармонија – Тина Иванова.

Директорката заедно со претседателот на Синдикатот на Филхармонија – Владимир Лазаревски и претседателката на Управниот одбор – Зорица Каракутовска на денешната конференција одржана во Филхармонија потенцираа дека немале ниту информација, ниту пак биле консултирани за одлуката на Министерството.

-Застанувам зад колективот зад единствениот став на сите вработени не само поради солидарноста, туку и поради реалната потреба, брендот на македонската култура да не биде предмет на експерименти. Оваа филхармониска генерација направивме уникатна и високо квалитетна програма така и ќе продолжиме, но овие уметници се научени да работат во различни околности, затоа што ние сме со потврден квалитет и ќе работиме под секакви околности. Но, неприродно е да се создаваат услови за едни, на сметка на нарушени услови за други, така се задира во успешноста и на едните и на другите. И пак, никаде во светот во објект со планска намена за Филхармонија не функционира џез ансамбл, посочи Иванова.

На конференцијата беше истакнато дека ја поздравуваат, односно поддржуваат одлуката за фомирање на оркестарот, но дека се непријатно изненадени од нетранспарентноста на Владата.

Лазаревски и Каракутовска ја демантираа информацијата дека здружението за џез музичари настапувало и творело во зградата на Филхармонија седум години.

– Беше искажана и невистина дека здружението за џез музичари настапувало и творело во зградата на Филхармонија седум години, тоа е невистина самата концертна сала функционира пет и пол години не може тие да се седум години кога уште не беше изградена салата, изјави Лазаревски.

Додаде дека зградата е проектирана и замислена како објект за еден симфониски оркестар.

-Секоја просторија е планирана и измерена со цел ние сите вработените да можеме да ги исполниме нашите редовни обврски. Тоа значи дека во објектот има точен број на соби каде музичарите ги поминуваат работните часови групни и индивидуални, секоја соба е предвидена со специјални акустични мерења за секоја група и инструмент, во објектот имаме и четири гардероби кои се исполнети до последно место, и делот со администрацијата е исполнет и нототеката кубури со простор како и студиото. Реално не е возможно да функционираат два оркестра со годишна програма од Министерството за култура, појасни Лазаревски.

Најавија јавни протести доколку не се промени одлуката веќе од наредната владина седница.

Претходно министерката за култура изјави дека станува збор за привремено сместување и дека не отстапува од одлуката.

Tags: Тина ИвановаФилхармонија
Next Post

Грковска: Договорот за коридорите е од стартешки интерес и нема причина да не се објави

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk