ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Алиу: Имаме 129.374 вработени во администрацијата, плус две до три илјади со договор на дело

April 26, 2023 21:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Точна е објавената бројкатна вработените во јавната администрација, но во неа ги нема оние кои се ангажирани со договор на дело и со нив се мисли дека вкупната бројка е поголема за две до три илјади, посочи министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Тој вечерва во гостувањето на Телма се осврна на извештајот што беше презентиран денеска, а во кој се вели дека заклучно со крајот на 2022 година, вкупната бројката на административци изнесувала 129.374, што е за 2.714 помалку во однос на 2021 година.

Алиу напомена дека најголем дел од институциите или 60,7 отсто се на локално ниво, а 39,3 отсто се на централно ниво. Во текот на минатата година се формирани девет нови институции, а згасната е една.

Тој посочи дека постојат институции во кои бројот на членови на Управни одбори е поголем од бројот на вработени и затоа постои процес на скенирање, кој ќе даде јасна слика за тоа што се случува, по што ќе следува втората фаза на нивна оптимизација,

Министерот исто така потенцираше и дека има неколку закони кои се во почетна, а некои се во завршна фаза и изрази очекување дека наскоро ќе се најдат на гласање пред пратениците.

Според директивите на Европската Унија, ние сме задолжени да одиме кон оптимизација на јавната администрација. Но, тоа не значи дека не треба да се креира една институција, да згасне друга институција, да се поврзуваат две во една итн. Таа е методологијата по која треба да се работи во овој период. Имаме експерти и домашни и странски кои прават функционална анализа на ниво на институции и нудат сервиси во тие институции, со цел да нема поклопување на надлежностите. За жал, досега се детектирани неколку институции во кои дел од процесот е во една, па потоа продолжува во друга. Тоа подразбира оптимизацијата, истакна Алиу.

Во однос на дигитализацијата, Алиу рече дека се работи на креирање на Закон за Агенција за дигитализација, кој, како што рече, ќе биде „чадор“ на ниво на држава и кој ќе ги имплементира политиките за дигитална трансформација на ниво на државата.

Министерството за информатичко општество ги креира политиките за јавна администрација, за ИКТ и за медиумите. Во делот на ИКТ, се предвидува Агенцијата да ги иплементира тие политики на ниво на државата и ќе имаме оптимизација и синхронизација на тие процеси. Во моментов креираме 135 нови услуги. Ќе почнеме да ги имплементираме со слоганот „Дигитална ера“. Тие услуги кои се базични за граѓаните ни се приоритет и во оваа фаза интензивно работиме како Министерството, заедно со другите институции, за да се дигитализираат тие процеси, додаде Алиу.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Алиујавна администрација

НАЈНОВО

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025

Просечната нето плата во април 45.452 денари

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk