ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новиот формат во Формула 1 за викенд со спринт и две квалификации дебитира на ГН на Азербејџан

April 26, 2023 09:28
in ДЕНЕС, СПОРТ

Формула 1 на својата веб-страница објави дека првиот викенд со спринт и две квалификациски сесии ќе се одржи претстојниот викенд, од 28 до 30 април, на трката за ГН на Азербејџан.

Според новиот формат, в петок ќе се одржат првиот тренинг и квалификациите за Големата награда, в сабота – квалификациите за спринт и спринтот, а в недела – трката. Квалификациите за трката ќе се одржат во традиционален формат.

Спринт квалификациите ќе се состојат од три кратки сегменти од 12, 10 и 8 минути. Во текот на секој од сегментите, пилотите ќе можат да користат по еден сет на специфичен тип на гума: „средна“ во првиот и вториот дел и „мека“ во третиот. По првиот и вториот сегмент, последните пет болиди се елиминирани од конкуренцијата, исто како и во редовниот формат.

Квалификациите во петок ќе го одредат стартниот поредок за главната трка во недела. Саботните квалификации и спринтот нема да влијаат на стартниот редослед на главната трка.

Распределбата на бодовите за спринтот ќе остане иста – од осум бода за првото место до еден за осмото во личниот и екипниот пласман.

Годинава спринтерски викенди со две квалификации ќе има и на Гран при во Австрија, Белгија, Катар, САД и Сао Паоло.

Tags: нов форматФ1
Next Post

СДСМ: Граѓаните на Лисиче против изградба на 9 нови згради, Муцунски го турка спорниот ДУП

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk