ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерството за култура по денешниот протест на Филхармонија: Работиме на решение кое набргу ќе го споделиме со сите засегнати

April 27, 2023 14:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Министерството за култура интензивно работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати. Впрочем, тоа им го вети и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на неколкуте средби.

Веруваме дека на филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на нивната НУ, никој немал никаква заднинска намера.

Нема логика Министерството за култура, под чија надлежност се сите национални установи, значи и Филхармонијата и новоформираниот Џез-оркестар, да работи на штета на која било од нив, се вели во реакцијата.

Вработените во Филхармонија на Северна Македонија денеска преку мирен протест што го организираа свирејќи на своите инструменти пред Министерството за култура, го искажаа незадоволството од владината одлука новоформириот Национален џез-оркестар да биде сместен во нивните простории.

Според претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски, вработените во Филхармонија неправедно се ставени во ситуација да се бранат од оние кои треба да ја штитат оваа институција. Затоа, како што рече, одлучиле да се спротистават со мирни протести, се до конечна промена на оваа одлука.

– Со протестот сакаме да го изразиме незадоволството кое се акумулираше од носењето на одлуката на Владата за вдомување на новоформираниот Џез оркестар во просториите на Филхармонија, а кое се наталожи не само поради неоснованото и нетранспарентно носење на одлуката без да бидеме прашани и без да биде прашана засегнатата страна, Филхармонија, но и поради отсуството на разбирање на Министерството за култура за потребите и условите на функционирање на оркестарот на македонска Филхармонија, како најстара културна институција во нашата држава, рече Лазаревски.

Тој исто така потсети дека мнозинството од вработените во Филхармонија потпишале петиција против оваа одлука и таа е испратена до министерката и до премиерот.

– Поради отсуството на реакција, петицијата ја испративме и до медиумите за да ја запознаеме јавноста. По ова бевме и повикани од страна на министерката за култура, при што остваривме средба заедно со претставниците на Здружението за џез музичари. Како резултат на овие дискусии, министерката пријави и разбирање за проблемот и вети дека на првата наредна седница на Влада ќе ја промени одлуката. За жал, министерката не го исполни ветувањето и побара повторно средба, но ние ја одбивме средбата и одлучивме дека е неопходно да ја информираме јавноста за несериозноста и непрофесионалното работење на Министерството за култура за што и организиравме прес-конференција пред две недели, рече Лазаревски.

Како што потенцира тој, по прес-конференцијата оствариле  уште две средби со министерката, една со Управниот одбор и една со Управниот одбор и претставници од Синдикатот, на кој што министерката не отстапила од одлуката.

Тој потенцираше дека со протестите интензивно ќе продолжат следната недела и нема да се откажат се до промена на одлуката за вдомување на Џез оркестарот во просториите на Филхармонија.

Tags: Министерство за КултурапротестФилхармонија
Next Post

Кривична за измама при добивање кредит

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk