ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Давидовски ја вози шестата сезона во европското ТЦР првенство

May 1, 2023 13:07
in ДЕНЕС, СПОРТ

Виктор Давидовски ја вози шестата сезона во европското ТЦР првенство (TCR Europe), а годинава првите три трки од него се возат заедно со ТЦР Светската серија (TCR World Tour).

Давидовски минатата година ги постигна своите најголеми успеси, победувајќи во трката на патеката „Пол Рикар“, а потоа и со освојувањње на второто место во Светскиот ТЦР куп што се возеше во Џеда, Саудиска Арабија.

На првиот гран при викенд од 2023 година во Португалија, кој се возеше на патеката Алгарве во близина на Портимао, Давидовски го освои петтото место во првата трка. Во втората трка, Давидовски успеа да се избори и да го престигне Фелипе Фернандез во дуелот за третото место, по што беше истуркан од ривалот, кој за таквиот потег заработи казна од стјуардите.

– И во првата трка бев удрен од Андерсен, и во втората го доживеав истото од Фернандез, по што немам што да кажам освен дека сум разочаран од покажаното ниво на фер плеј. Првенствено, тој неспортски помина неколку ривали возејќи надвор од лимитот на патеката, а потоа ме удри и додека го престигнував, и во следниот свиок кога веќе беше зад мене. Неговите постапки зборуваат за неговото ниво, но штетата ми е веќе направена. Првенствено, сакам да му се заблагодарам на тимот „Comtoyou Racing“ бидејќи имавме одличен автомобил за отворањето на сезоната. Следната трка е веќе за две седмици во Франција и таму квалификациите ќе бидат со уште поголемо значење. За мене тоа ќе биде прва трка во По, при што повторно ќе возиме заедно со другите пилоти од Светската серија на ТЦР и конкуренцијата повторно ќе биде фантастична. Целата своја енергија ќе ја насочам за што е можно подобро да се подготвам за следната трка.

Календарот на ТЦР Европа брои седум гран при викенди, а трките на уличната патека во По се закажани на 13 и 14 мај, повторно заедно со елитата од ТЦР Светската серија.

Tags: ДавидовскиТЦР првенство
Next Post

Швајцарија презеде претседавање со СБ на ОН

НАЈНОВО

Бујар Османи

Османи: Обвинителството и Антикорупциска немаат најдено ниту една забелешка околу организирањето на Самитот на ОБСЕ

August 28, 2025

Финалето во Лигата на шампиони од наредната година во попладневен термин

August 28, 2025

Трамп во Белата куќа одржа состанок за Газа со зетот Кушнер и поранешниот британски премиер Тони Блер

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk