Први мај, Меѓународниот ден на трудот, се слави на денот кога работниците во Чикаго во 1886 година почнаа да се борат за осумчасовен работен ден преку штрајкови и протести.
Први мај, Меѓународниот ден на трудот, е ден на солидарност за работниците ширум светот.
Се слави од 1890 година по одлуката донесена на 1-виот конгрес на II Интернационал во Париз, јули 1889 година. Причината за таа одлука бил крвавиот штрајк на 40 илјади работници од Чикаго на 1 мај 1886 година.
Побараа 8 часа работа, 8 часа одмор и 8 часа за културно издигнување. Конгресот одлучи секоја година на 1 мај работничката класа да ја демонстрира својата солидарност во борбата за осумчасовниот работен ден.
Веќе во 1890 година и следните години, 1 мај се славеше со масовни собири и демонстрации на пролетаријатот, како и со судири со полицијата.
Во Франција, на пример, само во Париз учествуваа повеќе од 100 илјади работници.
По Втората светска војна, 1 мај почна да се слави како знак на борбата за зачувување на светскиот мир.