За возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победата на Големата награда на Мајами остварена синоќа беше трета сезонава и 38-ма во кариерата.
Холанѓанецот кој ги освои сите свои победи како пилот на Ред Бул, се израмни по бројот на освоени трки за австрискиот тим со четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел.
Повеќе победи во еден ист тим имаат само Луис Хамилтон во Мерцедес (82) и Михаел Шумахер во Ферари (72).
Верстапен е актуелен светски шампион и лидер во тековната сезона од Светскиот шампионат во Формула 1.