ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Машините на терен, подготвителните градежни работи на Коридорот 10д продолжуваат, се подготвува изградбата на модерниот автопат Прилеп – Битола

May 13, 2023 14:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат подготвителните градежни работи на Коридорот 10д на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на овој коридор чиј почеток на реализација беше означен вчера во Прилеп. Согласно предвидената динамика во договорот за изградба, во следните денови ќе се вршат геомеханичките истражувања на теренот, за подготовка на изградбата на автопатот кој ќе ги поврзе Прилеп и Битола, а на нашата држава ќе и обезбеди модерна автопатска делница која ќе го забрза патувањето кон соседните држави. Оваа автопатска делница со вкупна должина од 39,3 километри е приоритетна за граѓаните од Прилеп, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, како и за сите останати кои живеат или транзитираат низ овој регион.

Коридорот 10д и Коридорот 8 се најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава. Со проектот е предвидена изградба на модерни автопатски делници на четири патни правци во должина од 110 километри, како дел од Коридорите 8 и 10д: автопатот Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и автопатот Прилеп – Битола. Автопатските делници е предвидено да бидат изградени во следните четири години и седум месеци, а изведувач на проектот е американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Модернизацијата на двата Коридори 8 и 10д за Северна Македонија се можност за целосно интегрирање со регионот и со европската мрежа на коридори во Европа, преку кои создаваме можности за економска конкурентност и напредок на државата.

Овој проект е најзначаен во историјата на нашата држава и од причина што Коридорoт 8, станува дел од мрежата на главните трансевропски коридори за што веќе следната недела Владата на Република Северна Македонија и Европската Унија ќе потпишат анекс на договорот со кој Коридор 8 се вклучува во главните коридори во Западен Балкан како дел од трансевропските мрежи на ЕУ.

Со реализација на овој проект ја заокружуваме патната оска Исток – Запад, со што се поврзуваме со две пристаништа: едното во Бургас, Република Бугарија и другото во Драч, Република Албанија. Дополнително, преку пристаништето во Драч ја имаме можноста за поврзување со пристаништето Бриндизи во Италија. Во иста мерка значаен е и Коридорот 10д кој нѐ поврзува на југозапад со Република Грција преку граничниот премин Меџитлија бидејќи со реализација на новата автопатска делница се забрзува патувањето во овој патен правец и се овозможува уште една врска со солунското пристаниште како услов за развој на пелагонискиот регион.

Со изведбата на овој проект се обезбедуваат нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2% годишно во наредните пет години. Реализацијата на проектот и ангажманот на домашни компании во неговата изградба, ќе отвори голем број можности за нови бизниси и ќе се создадат услови за рамномерен регионален развој, а државата ќе се позиционира на светската економска и инфраструктурна карта.

Tags: Коридорот 10д и Коридорот 8подготвителни градежни работи
Next Post
Фото: МИА

Во парк шумата Гази Баба се прославува Денот на Европа

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk