Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го прими Илон Маск, сопственикот на Тесла и Твитер, пред почетокот на состанокот наречен „Избери Франција“ на кој ќе учествуваат повеќе од 200 шефови на мултинационални компании, соопшти Елисејската палата.
Тие утрово ќе разговараат за „атрактивноста на Франција и нејзините индустрии“, соопшти француското претседателство, потврдувајќи ги претходните информации од медиумите.
Шефот на француската држава попладне ќе прими повеќе од 200 шефови на мултинационални компании во Версајската палата во близина на Париз на состанокот „Избери Франција“. Во најавата за таа средба се наведува дека се очекуваат рекордни 13 милијарди евра инвестиции.