ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Децата од градинките ќе добиваат по еден килограм свежо македонско овошје еднаш неделно

May 17, 2023 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На вчерашната седница на Владата беше усвоена Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година. По тој повод, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, беа во посета на градинката ЈОУДГ „13 Ноември”, Општина Центар. Министрите им се придружија на децата и учествуваа во дневните активности кои беа во тек, во неколку занимални во градинката.

„Оваа програма е продолжение на она што го започнавме минатата година, но сега со двојно поголем буџет. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа и тоа најмалку 90.000 кг кајсии, 175.500 кг праски, 168.000 кг сливи, 74.000 кг круши, 370.000 кг јаболки. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм сезонско овошје. Тоа е целта, децата да јадат свежо овошје кое е соодветно на сезоната во која се произведува. Опфатени се 38000 деца од сите градинки во државата” изјави министерот Николовски.

Програмата ќе се реализира преку јавна набавка која ќе ја спроведе Платежната агенција, при што еден од условите ќе биде овошјето да се дава на градинките спакувано во мрежички. Еден килограм, за секое дете, еднаш неделно. Со цел овошјето да биде навистина свежо, предвидено е да се доставува до градинките еднаш неделно, во текот на следните месеци, заклучно со декември. Секоја градинка ќе има можност самата да одлучи во зависност од условите, дали ќе им дава втора ужинка на децата во текот на денот, или доколку немаат простор за складирање ќе им ги даваат на родителите за дома.

„Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и јаболки во текот на 5 месеци, односно секое дете треба да добие по еден килограм овошје неделно. Оваа програма е поддржана и претставува донација од страна на Владата Република Северна Македонија” изјави министерката Тренчевска.

За потсетување, минатата година беа откупени околу 750.000 килограми наши домашни јаболка и беа дистрибуирани до 350 основни училишта, односно до сите 186.000 ученици. Тогаш рековме дека овој проект сакаме да го развиваме, да прерасне во редовна пракса, со која ќе обезбедиме здрава ужинка за секое дете и ќе го поттикнеме откупот на домашните производи. Ова беше прифатено со голема радост од страна на децата од основните училишта и многу позитивни реакции од родителите.

„Оваа програма ќе продолжи и наредните години, а придобивките од воспоставувањето на ваква пракса ќе бидат многу поголеми од она што во моментов го гледаме. Децата ќе го меморираат вкусот на македонските праски, сливи, кајсии, круши и јаболки. Ќе знаат да го препознаат интензивниот вкус на сочни овошки какви што дава нашето поднебје. Кога ќе пораснат ќе знаат да направата разлика и секогаш ќе избираат домашно, затоа што е повкусно и затоа што секој залак ќе ги потсетува на детство” потенцираше Николовски.

Tags: Николовски
Next Post

„Читањето е супер моќ“: Да го негуваме македонскиот литературен јазик и правилното изразување

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025

Шукова со критики до Орце Ѓорѓиевски: Позира и отворено го брани криминалното дивоградителство во Чаир

August 24, 2025

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk