ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николоски: Значајна поддршката на ЕБОР во нашите напори на континуирано спроведување реформи и политики за одржлив економски раст

May 18, 2023 13:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Економскиот раст не е краткорочен процес, туку е збир на повеќе чекори кои ќе дадат одржливи резултати. Затоа како Влада континуирано спроведуваме структурни реформи и политики, насочени кон одржување на растот во време на кризи, но и на негово забрзување на среден и долг рок. Односно, преземаме активности што чекор по чекор ќе придонесат за одржлив економски раст и подобрување на животниот стандард за сите граѓани. Ова го порача заменик- министерот за финансии, Филип Николоски во своето обраќање на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, што се одржува во Самарканд, Узбекистан.

„Во време кога нашата економија, како и другите економии ширум светот, се соочува со големи предизвици, остануваме целосно посветени кон поттикнување на инвестициите во областите за одржлив развој, како што се зелената транзиција, дигитализацијата, инфраструктурните проекти, човечкиот капитал и слично, а во остварување на тие приоритети значајна е поддршката што ја добиваме од ЕБОР, која очекуваме да продолжи и во наредниот период“, рече заменик-министерот Николоски.

Тој додаде дека во овој момент на глобалната економија и требаат здрави домашни политики во комбинација со цврста посветеност на меѓународната соработка за да се создаде поотпорна глобална економија со одржлив и поинклузивен раст. При тоа ја истакна важноста од продолжување на поддршката што ЕБОР ја дава на најпогодените земји, во период кога во глобални рамки се соочуваме со предизвици кои произлегоа од пандемијата со Ковид -19, енергетската и ценовната криза, како и конфликтот во Украина, како и постепеното проширување во регионот на субсахарските земји.

Европската банка за обнова и развој е наш долгорочен и посветен развоен партнер. Од 1993 година со финансиска поддршка од 2,5 милијарди евра во 173 проекти ЕБОР придонесува за зголемување на конкурентноста на нашата економија, поврзувањето со регионот, како и зелената транзиција. Најголем дел од средствата се наменети за проекти во јавниот сектор, а ЕБОР дава значајна поддршка за РС Македонија и на патот кон евроинтеграциите.

Годишните средби и Бизнис форумот на ЕБОР годинава се одржуваат од 16 до 18 мај и се со фокус како да им се помогне на економиите да одговорат на тековните геополитички предизвици. Општата тема на Бизнис форумот е Инвестирањето во издржливост (Investing in Resilience), а учествуваат владини претставници, финансиски и корпоративни директори, претприемачи, претставници од граѓанското општество и меѓународните организации. Во рамки на Годишните средби заменик минстерот ќе отвари и средба со Каспар Велдкамп, директор на ЕБОР за Холандија, Кина, Монголија, Северна Македонија и Ерменија.

Tags: ЕБОРНиколоски
Next Post

За прв пат македонски национален штанд на саем во Америка

НАЈНОВО

Со нови учебници и алатки, започна учебната 2025/2026 година

September 1, 2025

ЕУ интеграциите меѓу резолуции и блокади

September 1, 2025

Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk