Австралиското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека милитантите на Ал Каеда го ослободиле 88-годишниот австралиски лекар Кенет Елиот, кој го држеле во заложништво повеќе од седум години во Западна Африка.
„Елиот е на безбедно место, добро се чуствува и повторно се соедини со своето семејство“, соопшти Министерството, наведе Би-Би-Си.
Неговото семејство соопшти дека на Елиот му треба време за одмор.
„На 88 години и по многу години далеку од дома, на Елиот сега му треба време и приватност за да се одмори и да си ја врати силата. Ви благодариме за разбирањето и сочувството“, се наведува во соопштението од семејството.
Елиот и неговата сопруга Џоселин беа киднапирани во 2016 година во близина на границата меѓу Мали и Буркина Фасо, каде што повеќе од 40 години водеа една клиника.
Ал Каеда ја ослободи Џоселин по три недели поради „насоките“ на водачите да не ги вклучуваат жените во војна.