ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за нова инвестиција од 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево

May 22, 2023 14:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Белгиската компанија „ Avesta Battery and Energy Engineering (АBЕЕ)” ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево.

Вкупната инвестиција ќе изнесува 40 милиони евра, а ќе бидат отворени 600 нови работни места.

Договорот за реализација на инвестицијата денеска во Брисел го потпишаа директорот на Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони, Јован Деспотовски и сопственикот и генерален директор, АБЕЕ, Нешин Омар.

На церемонијата на потпишување на договорот присуствуваше и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Министерот за економија Крешник Бектеши му честиташе на менаџментот на ТИРЗ за успешно завршена работа во делот на привлекување на нови инвестиции.

„ Владата донесе нова легислатива за инвестиции во земјата која што е предвидлива за инвеститорите пред се во делот на воведување на нови технологии за електрични возила што е тренд во светот. Она што е важно да се каже за оваа инвестиција на компанијата АБЕЕ е што ќе се реализира во зоната во Кичево и во сите фази ќе бидат отворени 600 работни места. Тоа ќе значи намалување на миграцијата и отворање на нови висококвалификувани и високоплатени работни места не само за локалното население туку и за целата земја”, кажа министерот Бектеши.

Министерот потенцираше дека исто така од голема важност е тоа што кадарот кој што ќе биде вработен во фабриката во Кичево ќе помине на процес на обука за воведување на нови технологии и примена на високо технолошки работни процеси кои што ќе се имплементираат во фабриката на АБЕЕ во Кичево.

„ Не застануваме тука, во завршна фаза се преговори за нови инвестиции во земјата кои ќе значат ќе нови вработувања и развој на целокупната економија”, кажа Бектеши.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски изрази задоволство за потпишувањето договор со компанија која е активна во индустријата на 21 век, на електрични возила.

„ Станува збор за брзорастечка компанија која вложува во напредни технологии. Севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра и 600 работни места. Просечната бруто плата ќе изнесува 1500 евра. Она што особено ме радува е дека просечната возраст на вработени во оваа компанијата сега е од 30 до 35 години и тие доаѓаат од 23 националности. Компанијата привлекува таленти од цел свет и верувам дека и фабриката во Македонија ќе стане хаб во кој ќе се привлекуваат вакви таленти, особено млади луѓе.

Со ова отвораме ново поглавје. Носиме инвестиции кои не само што носат повисока додадена вредност туку и се брзорастечки.

Со ова Македонија ја ставаме не само на мапата земји кои имаат капацитет за големи инвестиции туку и за инвестиции на 21 век”, кажа Деспотовски.

Сопственикот и генерален директор на АБЕЕ, Ношин Омар кажа дека е воодушевен што влегува во ова партнерство со Северна Македонија.

„Овој проект претставува клучна и пресвртна точка во стратегијата за експанзија на АБЕЕ и е потврда на нашата заложба за изнаоѓање на технолошки иновации и решенија за енергетска одржливост. Убедени сме дека оваа фабрика ќе придонесе за економскиот раст на Северна Македонија и уште повеќе ќе ја зацврсти позицијата на АБЕЕ како глобален лидер во индустријата за батериски менаџмент системи”, кажа Омар.

„Авеста Батери и Енерџи инженеринг” во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на Батериски менаџмент системи (БМС) и системи за енергетска електроника. Производството се планира да започне во 2024 година, а производниот капацитет на компанијата ќе биде 300.000 единици годишно. Дополнително оваа компанија планира да развие и нова палета на производи кои ќе го прошират портфолиото на производи на АБЕЕ.

„Авеста Батери и инжинеринг” е инженерска компанија специјализирана за изнаоѓање напредни иновативни решенија за батерии и батериски системи за автомобилски и стационарни апликации.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БектешиТИРЗТИРЗ Кичево

НАЈНОВО

МЗ: Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени ниту материјална штетап

July 7, 2025

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

July 7, 2025
Фото: МИА

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk