Филипинските власти денеска наредија евакуација на илјадници жители, затворање на училишта и канцеларии и забрана за бродски превоз поради очекуваното пристигнување на тајфунот Мавар, кој се приближи до северните филипински провинции една недела откако помина низ американската територија Гуам во западниот Пацифик.
Тајфунот е проследен со силни ветрови со постојана брзина од 155 километри на час и налети до 190 километри.
Метеоролозите предвидуваат дека планинските делови на Филипините ќе бидат поштедени од директен удар од тајфунот, а анализите покажуваат дека бурата се врти североисточно кон Тајван или јужна Јапонија.