ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Втор самит на Европската политичка заедница во Кишињев

June 1, 2023 09:26
in ДЕНЕС, СВЕТ
Daniel MIHAILESCU

Daniel MIHAILESCU

Лидерите на 47 европски земји денеска ќе се соберат во Кишињев на вториот самит на Европската политичка заедница.

Трите главни теми за кои ќе се разговара на самитот се безбедноста, енергијата и поврзаноста, а фактот што во главниот град на Молдавија ќе се соберат 47 европски земји, според француското претседателство, е силна политичка порака до Москва.

Европската политичка заедница е неформален дипломатски форум создаден минатата година на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.

Меѓу учесниците се 27 земји-членки на ЕУ, целиот Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) и уште 14 земји (Андора, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Монако, Норвешка, Сан Марино,  Швајцарија, Турција, Украина, Велика Британија).

Поканети се и претседателот на Европскиот совет и претседателите на Европската комисија и на Европскиот парламент.

Се очекува и доаѓањето на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, кој на маргините на средбата со Вучиќ ќе разговара за ситуацијата на северот на Косово.

На самитот на европската политичка заедница во Кишињев нема да се разговара за пристапните процеси на земјите кандидати за Европската унија, соопшти Елисејската палата.

Како што е наведено, „од почетокот е јасно“ дека Европската политичка заедница е политички форум чија цел е да се разговара за безбедносни прашања, регионални кризи и сега за војната во Украина, за да се изрази поддршка за неа.

„Нема да има разговори за пристапните процеси, за тоа се во тек пристапните преговори. Има клучни принципи кои сакаме да ги задржиме, а еден од нив е неформалноста, бидејќи сметаме дека е важно да нема структура, но и еднаквост, затоа што не сакаме да имаме разлики меѓу членките на ЕУ и оние што не се, особено оние земји што се кандидати, бидејќи ова е отворена форма“, им беше кажано на новинарите во пресрет на самитот.

Една од главните теми ќе биде безбедноста.

„Кога станува збор за безбедноста, на крајот на денот би сакале да имаме конкретни иницијативи, како подобро да се бориме против кибер криминалот, да споделиме експертиза за да ја заштитиме нашата критична инфраструктура“, беше кажано од француското претседателство пред состанокот.

Првиот состанок на Европската политичка заедница се одржа минатата година во Прага. По Молдавија, Шпанија (Гранада) и Велика Британија ќе бидат домаќини на следните самити на Европската политичка заедница.

Tags: KишињевЕвропска политичка заедницаСамит
Next Post

Мајк Пенс влегува во трката за републиканска претседателска номинација

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk