ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Геодетска комора: Предлог-законот за геодетска дејност е спротивен на eвропските пракси и е погубен за секторот

June 5, 2023 09:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Претседателот на Комората на геодети м-р Никола Рибароски одржа работен состанок со претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Кристинка Радевски , професорите од Градежниот факултет-Скопје, проф. д-р Лазо Димов, проф.д-р Ванчо Ѓорѓиев и проф. д-р Златко Србиноски и членовите на работната група на Комората за новите закони на кој се диксутираа предлог- законите за геодестка дејност и за катастар на недвижности кои ги изготви Агенцијата на катастар на недвижности. Покана за учество беше испратена и до Агенцијата за катастар на недвижности, но претставници на оваа институција не зедоа учество на состанокот.

“По однос на новопредолжениот закон за геодетска дејност, ставот на Комората на трговски друштва за геодетски работи е јасен и дециден. Имено, Комората го поддржува и го поздравува донесувањето новиот Закон за геодетска дејност, но не во овој формат и на начин како што беше изготвен, крајно нетранспарентно, во отсуство на претставници на приватната геодетска фела како директни носители на оперативните теренските геодетски работи, и во крајна линија без решенија за подобрување на условите за работа на приватните геодетски фирми, туку напротив за уште поголемо продлабочување на и онака наталожените проблеми. Законките решенија се спротивни и на еворпските практики кои постојат во секторот”, истакна Рибароски, потенцирајќи дека избегнувањето на состаноци и средби што го прави Агенцијата за катастар на недвижност не е конструктивен пристап и е на општа шетата на целиот геодетски сектор.

Тој потсети и дека Комората со цел создавање на поповолен амбиент за носење на национална стратегија за реорганизација и унапредување на приватниот сектор преку вклучување на сите чинители на геодетскиот сектор, на последното Собрание на Комората, одржано во февруари годинава усвоена е и Декларација за развивање и унапредување на приватниот геодетски сектор. Декларацијата официјално беше доставена до највисоките државни структури, органи, сродни комори и институции заради обезбедување на консензус за надминување на проблемите со кои се соочува членството на Комората, но и целата геодетска дејност.

На состанокот беше закучено и дека комуникација и соработка помеѓу две сродни институции, како што се Комората на трговски друштва и Агенцијата за катастар на недвижности мора да има, бидејќи само со дијалог ќе се постигне решение за сите проблеми, а ќе може и да се донесат и многу поквалитетни законски решенија.

Tags: Геодетска комораССК
Next Post

Грчките власти спасија 91 мигрант од мал остров во реката Еврос на границата со Турција

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk