ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Белград отворена изложба на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“

June 6, 2023 10:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Галеријата на Педагошкиот музеј во Белград беше отворена изложбата на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“ на уметницата Искра Пенева во рамки на манифестацијата на 13. Денови на македонската култура во Белград „Допирот на Македонија“. Поставката се состои од триесетина фотографии направени во периодот 2011-2014 година на повеќе локции на брегот на Охридското Езеро – Свети Наум, Пештани, Трпејца, Заливот на Коските, Охрид, Вевчани и Радожда.

Изложените фотографии – меѓу кои „Спирален сон“, „Смирување на денот“, „Патување“, „На покривот на светот“, „Галичица“, „Патот на црниот сон“, „Билјана“, „Немир“, „Бакнеж“, „Пристаниште“, „Дома“, „Ќе те следам“…, го запознаваат гледачот со универзална приказна што може да се однесува на сите луѓе.

Ако фотографијата е поезија што се гледа, а неможе да се чуе, тогаш поезијата е слика што може да се чуе, но не и да се види, порача авторката на отварањетто на изложбата.

-Изложбата има две димензии. Првата се однесува на фотографии-разгледници на убавините на Македонија и Охридското езеро. Вторта димензиија е потрага по љубовта, по нејзините нераскинливи нишки, по мирното пристаниште… Го следам патувањето на еден млад човек кој на фотографиите е претставен со чамец. Тој патува низ светот, а светот е езеро. Различни пејсажи и градови низ светот се овековечени на фотографии, изјави Искра Пенева.

За Пенева езерото е предмет на инспирација, чиста енергија и, како што нагласи, ја обновува сопствената енергија на брегот на Охридското Езеро.

-Површината на езерото ја симболизира емоционалната состојба и промените низ кои поминува човекот – некогаш е мирно, па ние сме спокојни и присебни, а некогаш е турбулентно, па се сомневаме, порача Пенева.

Искра Пенева е родена 1980 година во Белград, дипломирала на Математичкиот факултет во Белград, и живее и работи во главниот град на Србија. Членка е на Друштвото на писателите на Србија и на Друштвото на новинари на Србија. Се занимава со поезија и фотографија, активно преведува од македонски на српски јазик, а освен тоа, создава и кратки музичко-поетски филмови.

Имала повеќе групни и самостојни изложби во Македонија, Србија и Хрватска.

Изложбата ја организираше Здружението „Македониум“ во соработка со Педагошкиот музеј, а беше поддржана од Градскиот секретаријат за култура на Белград.

Tags: БелградДопирот на МакедонијаФотографии
Next Post

Концерт „2+1“ на тројца македонски музичари во КИЦ на РСМ во Софија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk