ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најавен зголемен број на туристи од Словачка

June 7, 2023 08:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

За многу кратко време туристи од Словачка и централна Европа ќе бидат меѓу најчестите посетители на нашата земја, најавуваат од националната Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија НАИТМ чиј претседател Влатко Сулев потпиша меморандум за соработка со претседателот на Словачката асоцијација за туризам SACKA, Роман Беркеш.

Меморандумот предвидува да се преземат конкретни чекори за продлабочување на соработката помеѓу туристичите сектори од државава и Балканот од една страна и Словачка и централна Европа од друга страна.

Според договорената соработка, веќе во септември годинава 15 претставници од најзначајните словачки тур оператори ќе ја посетат државава и преку организирана едукативна тура ќе се запознаат со сите туристички можности што ги нуди нашата држава. До крајот на годината ќе биде возвратена посетата од страна на НАИТМ на Словачка со презентација на убавините на Северна Македонија, а истовремено и со запознавање со можностите што ги нуди Словачка како туристичка дестинација.

Од НАИТМ посочуваат дека Словачка е земја со која имаме пријателски релации, сличен јазик, култура и многу слични карактеристики. Како голема предност за развој на меѓусебната туристичка соработка ја истакнуваат одличната авионска поврзаност со Братислава и аеродромот во Виeна којшто е на само 50-тина километри од Братислава.

-Словаците се активни тип на туристи, многу од нив возат велосипеди, сакаат да пешачат во природа и според најновите статистики имаат авантуристички дух, а Македонија е дестинација што нуди автентични искуства и недопрена природа, идеална за овој тип на туристи. Словаците беа пријатно изненадени од капацитетот на нашиот туристички сектор и можностите што им ги презентиравме. И изјавија дека со сигурност Македонија ќе биде нивната порта кон Балканот. Но, со ова се отвара и уште една многу интересна дестинација за посета и на граѓаните од нашата земја, а воедно, преку Словачка и Братислава да се посетат и други земји од Централна Европа, вели Сулев.

Соработката на туристичките сектори е поттикната од Амбасадата на Северна Македонија во Словачка.

Tags: SACKAМакедонијаРоман БеркешСловачка
Next Post

На матурска вечер во Ричмонд убиени матурант и неговиот татко, седум други лица се ранети

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk