ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одбележан Светскиот ден за безбедност на храна

June 7, 2023 15:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералното собрание на Обединетите нации, во 2018 година го воспостави 07. Јуни како Светски ден за безбедност на храна, под слоганот „Безбедноста на храната е сечија работа” (Food safety is everyone’s business).

Во организација на АХВ, денеска во хотел Белви, Скопје, се одржа работилница на која беа презентирани повеќе теми од областа на здравјето и безбедноста на храната, како и работењето на Агенцијата со цел запазување на пропишаните стандарди за безбедност на храна, што за крајна цел има подигање на јавната свест за значењето на производство и консумација на безбедна храна.

Со подигнување на јавната свест ќе се постигне напредок во секоја област, почнувајќи од примарното производство, преку прехранбената индустрија па се до здравствениот систем, што јасно покажува дека ризикот од небезбедна храна не само што влијае на секој поединец, туку е сериозна закана и за економијата на секоја земја.

„Годинешната тема под која се одржува Светскиот ден за безбедна храна е „Стандардите за храна спасуваат животи”. Ова е клучниот аргумент кој го имаме на ум сите ние кои сме претставници на институции кои се директно вклучени во обезбедувањето здрава и безбедна храна. Ова е целта која сакаме да биде главен фокус на сите производители во прехранбениот ланец, да се почитуваат стандардите кои се јасно дефинирани и кои постојано се надополнуваат. Стандардите даваат насоки за хигиенско ракување со храна, ги дефинираат максималните нивоа на адитиви, резидуи од пестициди и ветеринарни лекови, правилно пакување, транспорт и складирање. И сето ова мора максимално да се почитува и ние тоа успешно го правиме” рече министерот Николовски.

Европската агенда „Од фарма до трпеза” јасно ја отсликува потребата за примена на стандарди и контрола на безбедноста на храната на секое ниво, почнувајќи од примарното производство.

„Од тука почнува сѐ. Токму од нивите и фармите. Затоа и ние како министерство постојано апелираме земјоделците да применуваат добри агроеколошки практики со чија примена имаат бројни придобивки. Не само што се произведува здрава и безбедна храна, туку се добиваат и поголеми приноси на иста површина, се намалуваат загубите, се превенираат болестите и се штити животната средина” потенцираше Николовски.

Токму во таа насока, Министерството и АХВ, со поддршка од ФАО, неодмана ја започнаа втората фаза од процесот за унапредување на системот за идентификација на животните и подобрување на безбедноста на храната, како еден од приоритетите со стратешко значење за земјоделскиот сектор. Обврската да го усогласиме националното законодавство за благосостојба на животните и безбедност на храната, со стандардите на Европската Унија, е она на кое заеднички работиме и кое ќе ни отвори многу врати, ќе имаме поконкуретно производство кое ќе има олеснет пристап до глобалните пазари.

„И како што кажува слоганот „Безбедноста на храната е сечија работа”, упатувам порака до сите, да ја шириме оваа информација, да допре до секој граѓанин, да ги научиме и децата од најмали нозе да развијат свест за здрава и безбедна храна, а со тоа да обезбедиме здравје за сите. Само така, свеста за безбедноста на храната постојано ќе расте” порача министерот Николовски.

Целта на одбележувањето на овој ден ширум светот, е да се подигне јавната свест за безбедноста на храната, да се превенираат, да се откријат и правилно да се управува со ризиците, кои се однесуваат на безбедноста на храната.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Светски ден за безбедност на храна
Next Post

Кутиров во Брисел: Царинската управа една од клучните алки во процесот на пристапување во ЕУ

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk