Започнува реконструкцијата на улицата „Петар Драпшин“ во населба 11 Октомври, општина Кисела Вода, инвестиција од 13,7 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, преку Проектот за поврзување на локални патишта во општините.
Денеска министерот Бочварски заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски и пратеници од општината, извршија увид во реконструкција на улицата.
„Особено ми е драго што преку Министерството за транспорт и врски продолжуваме да ги помагаме општините, да им даваме силна поддршка за реализација на вакви проекти со кои го подобруваме животот на граѓаните. Нашите политики се јасни и конзистентни, сите општини и сите граѓани ни се важни и правиме се за да обезбедиме квалитетни проекти за граѓаните и развој на општините.“ – истакна министерот Бочварски.
Исто така, министерот Бочварски денеска го потпиша договорот за изградба и рехабилитација на шест улици во населеното место Хиподром 2, во општина Гази Баба.
Проектот за рехабилитација на локалните патишта ги дава резултатите во општините.
Преку овој Проект ја подигнуваме безбедноста и ги подобруваме условите за живот на граѓаните.
До сега преку овој Проект се опфатени преку 140 улици во над 60 општини.